Националниот координатор за гранично управување проф. д-р Владимир Пивоваров на 20.05.2022 година беше пречекан од Деканот на Факултетот за безбедност проф д-р Никола Дујовски и продеканите проф д-р Јонче Ивановски и проф. д-р Снежана Мојсоска. Според претходната остварена заедничка средба проф. д-р Пивоваров одржа предавање на Факултетот пред професорите, студентите и пред кадетите од Центарот за обука во МВР. Тој ги информираше студентите со можностите на системот за Интегрирано гранично управување  согласно европските стандарди, активностите за борба против корупцијата и организираниот криминал како и за унапредување на преку граничната и меѓународната соработка.

На крајот од предавањето се потпиша нов Меморандум за соработка помеѓу Факултетот за безбедност- Скопје и Националниот координативен центар за гранично управување. Со овој меморандум се зајакнува соработката во полето на едукација, обука и изведување на активности на студентите во Националниот координативен центар. Потоа деканот му врачи Благодарница на Националниот координатор за гранично управување проф. д-р Владимир Пивоваров со уверување за силната посветеност кон меѓусебната соработка.