На 20.05.2022 година директорот HeeKyung Jeong и претставници од организацијата International Youth Fellowship од Јужна Кореја одржаа предавање пред студентите и професорите на Факултетот за безбедност и пред кадетите од Центарот за обука во МВР, за поголема поддршка и подигнување на свесноста од потребата за личен развој, како и поинаков пристап кон начинот на градење на млади лидери кои може да бидат двигатели на развојот на нашата држава.

Во рамките на оваа предавање директорот HeeKyung Jeong и Деканот проф. д-р Никола Дујовски потпишаа Договор за соработка помеѓу International Youth Fellowship организацијата и Факултетот за безбедност. Оваа соработка придонесува подобра едукација за зајакнување на сопствените капацитети, нови начини и методи на обука кои би можеле да се имплементираат во образованието на студентите.