Во Тирана на 17 мај 2022 г., Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола стана полноправна членка на Јадранско-Јонската иницијатива – UNIADRION, во која членуваат бројни универзитети од Италија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и други држави од регионот.
На иницијатива на Факултетот за безбедност-Скопје, на Генералното Собрание вон.проф.д-р Александар Иванов ги претстави основните податоци на Универзитетот, неговата структура, студиските програми, учеството во меѓународни организации, активните проекти, односно ја претстави мапата на универзитетот.
Со ова Универзитетот станува полноправна членка на организација која овозможува вмрежување на универзитети од овој географски регион, а во насока на подобрување на соработката, подготовка, учество и реализација на проекти поддржани од европската Унија и други организации.