На 18.05.2022 година на Факултетот за безбедност беа во посета директорот HeeKyung Jeong и претставници од организацијата International Youth Fellowship од Јужна Кореја. Деканот проф. д-р Никола Дујовски заедно со продеканот за настава проф. д-р Јонче Ивановски и проф. д-р Марина Малиш Саздовска ги запознаа присутните со студиските програми на Факултетот, бројот на студенти, организацијата на повеќе значајни активности, меѓу кои меѓународната научна Конференција, работата на проекти од НАТО и ЕУ програми итн.
На средбата претставниците од International Youth Fellowship организацијата информираа за нивната цел и работа, а тоа е вршење на едукација на млади луѓе за подобра комуникација во средината и општеството, запознавање и зајакнување на сопствените капацитети и состојба на умот преку разни методи и тактики како и прифаќање на повеќе предизвици во животот. Како прва целна група која ја наведе оваа организација е да се спроведе едукација врз студентите, потоа втора група да бидат професорите и вработените. Образованието е релевантно за младите луѓе да станат лидери во некоја област во својата држава, а не да ја бараат својата среќа во друга држава. Главното мото на организацијата е „Mind education will help us to have heart full work. Than our mind will be happier“.
На средбата беше договорено во петок на 20.05.2022 година да се потпише и Договор за соработка помеѓу International Youth Fellowship организацијата и Факултетот за безбедност, а во наредната академска година да се одржи и предавање пред студентите и професорите за поголема поддршка и подигнување на свесноста од потребата за личен развој.
На Деканот проф. д-р Дујовски му беше врачена официјална покана за претстојниот форум за едукација кој ќе се одржува во Јужна Кореја “8th World Education Leaders Forum (WELF)” од 3 до 9 Јули, 2022 година во Бусан, Јужна Кореа.
Деканот, продеканот и проф. Малиш Саздовска се заблагодарија за нивното присуство и презентација, посочија дека се отворени за соработка на повеќе нивоа, за нови начини на учење, размена и имплементирање на нови идеи.