Почитувани,

Со задоволство Ве покануваме да учествувате на предавањето на проф д-р Владимир Пивоваров, Национален координатор за гранично управување кое ќе се одржи со физичко присуство на 20.05.2022 година (петок) во 10.00 часот во големиот Амфитеатар на Факултетот за безбедност – Скопје. Во рамките на ова предавање е предвидено и потпишување на Нов Договор за соработка помеѓу Факултетот за безбедност- Скопје и Националниот координативен центар за гранично управување, а потпишувањето ќе се изврши од страна на деканот проф. д-р Никола Дујовски и проф д-р Владимир Пивоваров.