Во рамките на предметната програма Безбедносни стратегии и менаџмент, во организација на предметниот наставник проф д-р Марина Малиш Саздовска, во контекст на лидерство и женско лидерство, на ден 12.05.2022 год. беше одржано предавање на тема ,,Јакнење на родовиот капацитет во МПС, а преку него и во МВР, со Менторска програма,,. Гостин предавач беше Хризантема Рендевска, дипломиран криминалист, доскорешна Претседатлка на Секција на жени при Македонскиот полициски синдикат, сега пензиониран полициски службеник.

Во рамките на презентацијата беа опфатени теми во врска со: положбата на жените во Министерството за внатрешни работи; органите, целите и задачите на Македонскиот полициски синдикат; регулативата; подрачјата на делување; активности на Секцијата на жени и др. Акцент беше ставен на обуките, особено обуката за менторки и менторини, подржана од Мисијата на ОБСЕ – Оддел за развој на полицијата. При тоа беа презентирани и бројни примери и добри практики за  работата на дипломираните криминалисти и нивниот развој на кариера во МВР. Предавањето предизвика интерес кај студентите кои поставија и прашања во врска со оваа исклучително значајна тема.