Националниот координатор за гранично управување проф. д-р Владимир Пивоваров денес на 17.05.2022 година беше во посета на Факултетот за безбедност- Скопје каде оствари средба со Деканот проф. д-р Никола Дујовски. Соговорниците разговараа за развојот на системот на гранично управување и улогата на високообразовните институции во предлагањето на мерки и активности за подобрување на состојбите. Исто така се разговараше за можноста за продлабочување на меѓусебната соработка и активно вклучување на студентите во делот од активностите во Националниот координативен центар.  Врз основа на долгогодишната взаемна соработка, се разговараше и беше предложено да се потпише нов Меморандум за соработка помеѓу Факултетот за безбедност- Скопје и Националниот координативен центар за гранично управување. Потпишувањето на Договорот ќе биде во петок на 20.05.2022 година на Факултетот за безбедност каде Националниот координатор за гранично управување проф. д-р Пивоваров ќе одржи и предавање пред студентите и професорите.