Денес на 16.05.2022 година Народниот правобранител на Република Северна Македонија г-н Насер Зибери заедно со претставници од Националниот превентивен механизам беа во посета на Факултетот за безбедност каде остварија средба со деканот проф. д-р Никола Дујовски, продеканот проф. д-р Јонче Ивановски и проф. д-р Искра Акимовска Малетиќ.
Народниот правобранител г-н Зибери одржа предавање на Факултетот пред професорите и студентите како и пред кадетите од Центарот за обука во МВР. По завршувањето се разви дискусија на која г-н Зибери одговори на многубројните прашања поставени од студентите. Во рамките на оваа посета деканот Дујовски и Народниот правобранител потпишаа Меморандум за соработка. Со тоа се потврдува заедничкиот интерес за унапредување на човековите права и нивната примена во високото образование и кај практичарите во МВР и други безбедносни институции.
На крајот од предавањето деканот му врачи Благодарница на г-н Насер Зибери со уверување за силната посветеност кон меѓусебната соработка.
Во склоп на денешната посета беше реализирана и посетата на криминалистичкиот музеј.