Почитувани професори и студенти,

Со задоволство Ве покануваме да учествувате на предавањето на Народниот правобранител г-дин Насер Зибери, кое ќе се одржи со физичко присуство на 16.05.2022 година (понеделник) во 11.30 часот во големиот Амфитеатар на Факултетот за безбедност – Скопје.

Во рамките на ова предавање е предвидено и потпишување на Договор за соработка помеѓу Факултетот за безбедност- Скопје и Народниот правобранител, а потпишувањето ќе се изврши од страна на деканот проф. д-р Никола Дујовски и г-дин Насер Зибери.

Сите заинтересирани студенти и професори на Факултетот за безбдедност се поканети на предавањето.