Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје проф. д-р Никола Дујовски, заедно со продеканот за настава и продеканот за финансии проф. д-р Јонче Ивановски и проф. д-р Снежана Мојсоска остварија работен состанок на 11.05.2022 година со Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, г-н Златко Апостолоски и секретарот г-н Филип Коровешовски.
На состанокот Деканот проф. д-р Дујовски со г-н Апостолоски, кој е дипломиран на Факултетот за безбедност, разговараа за продолжување и продлабочување на соработката помеѓу Факултетот и Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. Состанокот резултираше и со предлог за потпишување на Меморандум за соработка како и за вклучување на професорите од Факултетот со активности и проекти во Националниот комитет.