На 9.05.2022 година, Факултетот за безбедност одржа промотивна презентација на студиските програми на прв циклус на студии пред матурантите од средните училишта од општина Куманово. На презентацијата учествуваа деканот на Факултетот за безбедност Скопје проф. д-р Никола Дујовски, како и професорите проф. д-р Марјан Николовски и проф. д-р Весна Трајковска, претставници на Секторот за образование при општина Куамново, директори и професори од срените училишта од општината како и заинтересираните матуранти од средните училишта од општината Куманово.