Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски денес учествуваше на промоцијата на новата Монографија “МВР за граѓаните – 2017-2021”. Како главен и одговорен уредник на монографијата и како промотор, меѓу другото истакна:
“Живееме во свет на лажни вести, свет во кој вистината треба да се повторува, за неа секогаш да се говори, да се промовира. Токму затоа сме горди на издавањето на Монографијата “МВР за граѓаните 2017-2021″, чија првенствена цел е преку реалните бројки и постигнатите резултати, да ги нагласи новите трендови на развој на македонската полиција, во вистински сервис за граѓаните и чувар на демократијата и владеењето на правото. Во монографијата читателот ќе ја забележи внимателноста на Министерот Спасовски и раководството на МВР за секој вработен, но и за сите граѓани. Свесни сме за значењето на односот полиција-граѓани и ги подготвивме овие страници да бидат сведок на посветеноста, на одлучноста за реформи и развој на добрите полициски практики”