Почитувани,

со задоволство Ве покануваме да учествувате на предавањето на тема: Што е ново во вештачката интелигенција? од страна на Д-р Бранислав Кисачанин, кое ќе се одржи онлајн на 09.05.2022 година (понеделник) во 12.30 часот на Microsoft Teams платформата.
Д-р Бранислав Кисачанин докторирал во 1998 година на Универзитетот во Илиноис во Чикаго. Тој понатаму ја изгради својата кариера во индустриски истражувачки лаборатории во Delphi, Texas Instruments, Interphase и Nvidia. Д-р Кисачанин има објавено десет книги, бил гостин уредник на шест специјални изданија на научни списанија и бил организатор на значајни научни конференции. Од 2021 година, д-р Кисачанин е главен научник на Институтот за истражување и развој за вештачка интелигенција на Србија.

На ова предавање Д-р Бранислав Кисачанин ја анализира вештачката интелигенција од повеќе агли, ќе зборува за тоа како таа нè зајакнува секојдневно и се фокусираме на најновите откритија и апликации кои ветуваат дека ќе му помогнат на човештвото во многу клучни области, здравје, енергија и наука. Предавањето ќе го заврши со краток извештај за работата на неодамна формираниот Институт за вештачка интелигенција на Србија.

Сите заинтересирани студенти и професори на Факултетот за безбдедност се поканети на предавањето.

Линк до предавањето –

https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3ameeting_OTQ4M