Во Битола од 12.04.2022 до 28.04.2022 година се одржа Универзитетски турнир во мал фудбал во организација на Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола (УКЛО), во соработка со Универзитетското студентско собрание на УКЛО, по повод денот на основањето на Универзитетот, 25-ти април. Сите натпревари се одржаа во спортската сала Павел Шатев во Битола. На турнирот настапија студенти од сите единици на УКЛО. Студентите од Факултетот за безбедност забележаа значаен резултат и го освоија 3-тото место. Честитки за студентите за постигнатиот резултат.