На 27 април 2022 година во Уметничката галерија во Струмица се одржа конференција на тема „Суверенитет” организирана од Француската амбасада. На настанот присуствуваа г-н Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција, г-н Ив Бертончини, Претседател на Европското движење во Франција, г-н Зоран Заев, поранешен Претседател на Владата на Република Северна Македонија, проф. д-р Никола Дујовски, Декан на Факултетот за безбедност – Скопје, г-а Милева Ѓуровска од Европското движење во Северна Македонија и Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика – Скопје. Поздравно обраќање пред присутните имаше и градоначалникот на Струмица, г-н Костадин Костадинов.

Теми на кои се разговараше и кои беа опфатени на конференцијата се: Европска припадност и идентитет за Западниот Балкан, француското претседателство со Советот на ЕУ, концептот на европска сувереност, суверенитет на Европа преку дефинирање на норми и стандарди, економски и трговски суверенитет и останати.

Свое обраќање пред присутните имаше и Деканот на Факултетот за безбедност  проф. д-р Никола Дујовски на тема суверенитет на Европа во областа на обраната и перспективите на Северна Македонија за членство во ЕУ.