На 27.04.2022 година на Факултетот за безбедност Скопје, директорот на Агенцијата за национална безбедност д-р Виктор Димовски одржа предавање на тема „Безбедносниот систем на Република Северна Македонија и воените дејствија во Украина како безбедносен ризик“.
На предавањето присуствуваа студенти од прв, втор и трет циклус на студии, како и професорите од Факултетот за безбедност.
Директорот Димовски го претстави новиот концепт на безбедносниот систем на Република Северна Македонија и ја елаборираше актуелната безбедносна состојба во опкружувањето, настаната по започнувањето на Руско-Украинската војна, давајќи посебен осврт на незијните импликации врз безбедноста на нашата држава.
Предавањето предизвика голем интерес кај студентите, кои активно се вклучија во отворена дебата со поставување прашања и изнесување на свои размислувања за актуелната безбедносна состојба во светот, регионот и во Република Северна Македонија.