Почитувани студенти,

со задоволство Ве покануваме да учествувате на предавањето на тема: „ Безбедносниот систем на Република Северна Македонија и воените дејствија во Украина како безбедносен ризик“.
Предавањето ќе се одржи на 27.04.2022 година во 12 часот во големиот Амфитеатар на Факултетот за безбедност-Скопје.
Предавањето ќе го одржи директорот на Агенцијата за национална безбедност д-р Виктор Димовски.
Сите заинтересирани студенти и професори на Факултетот за безбдедност се поканети на предавањето.