Денес, 19.04.2022 година во Кисељак, деканот на Факултетот за безбедност – Скопје  проф. д-р Никола Дујовски и директорот на Високата школа „CEPS – Centar za poslovne studije“ Kiseljak, Босна и Херцеговина, д-р. Мирзо Селимиќ потпишаа Договор за соработка.

Двете страни меѓусебно ќе соработуваат преку можноста за размена на академски кадар, заедничко организирање научно-истражувачки активности, конференции, летни школи, семинари, работилници, размена на стручни и научни информации преку размена на списанија, публикации, учебници и друг стручен материјал.

Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р. Никола Дујовски потпишувањето на овој договор го оцени како многу важен, со многу добар пријателски дух меѓу двете институции, меѓусебна посветеност во остварувањето на целите и градењето на институционалните капацитети. Договорот вклучува и соработка на различни полиња, вклучително и можности за развој на заеднички проекти во областа на истражувањето, во рамките на програмата за размена Еразмус + итн.

Директорот на „CEPS – Centar za poslovne studije“ Kiseljak, д-р Мирзо Селимиќ изрази големо задоволство што овој договор ќе обезбеди предуслови за понатамошна успешна соработка меѓу овие две високообразовни институции.

На потпишувањето на овој значаен договор присуствуваше и проф. д-р. Снежана Мојсоска, продекан за финансии на Факултетот за безбедност, проф. д-р. Јонче Ивановски, продекан за настава на Факултетот за безбедност, а од Високата школа „CEPS – Centar za poslovne studije“ Kiseljak присуствуваа Предавач на Високата школа Нермин Палиќ, раководител на Службата за меѓународна соработка и развој на кариерата, Предавач на Високата школа Самир Шчетиќ, раководител на студиската програма Информатичка технологија и Предавач на Високата школа Џемал Цинац, ЕКТС координатор.