Почитувани студенти,

Практичната настава во летниот семестар за учебната 2021/22 година  представува  задожителна  студентска активност,  за која вклучително со реализираната практичната работа од зимскиот семестар од истата учебна година се пресметуваат кредити во уверенијата за завршено високо образование.

За секоја учебна година  студентите се должни да реализираат 30 дена практична настава,од кои 5 дена во зимскиот семетар и 25 дена во летниот семетар.

Практичната настава во летниот семестар се реализира во два дела ,

  • Првиот дел, задолжителна која ја организира Факултетот за безбедност во времетраење од 10 дена, во државни  институции кои ние ги контактираме  и го  договараме  реализирањето на практичната настава,
  • Вториот дел, дополнителна практична настава која ја организираат самите студенти во времетраење од 15 дена, во институции со кои Факултетот има склучено меморандум за соработка .

На пример, Агенции за приватно обезбедување, Црвениот крст, Регионални центри на царинска управа, Адвокатски канцеларии, Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Државното првобранителство, и други институции наведени во делот на  Соработка  со општеството на Факултетот за безбедност.

Во оваа учебна година задолжителната практична настава е планирано да се реализира во периодот од 26 јуни до 26 август 2022 година.

За поефикасно реализирање на практичната настава,  сите студенти редовни и вонредни од сите студиски програми  на Факултетот за безбедност, се должни да го пополнат анкетниот прашалник најкасно до 26 Април 2022 година до 09 часот.

Студентите од ПРВА  година од сите студиски програми,  практичната настава  ќе ја реализираат во Полициските станици од општа надлежност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија,  во времетраење од 10 дена во термини од 26.06 до 26 08. 2022 година.

Термините ги одредуваат надлежните од МВР и тие се конечни, не можат да се променат.

На студентите кои се пријавија за предвремено реализирање на практична настава, ќе им биде овозможено да ја реализираат истата, во термини кои ќе ги договориме дополнително, овие студенти исто се должни да го пополнат прашалникот.

Задолжително пополнување на Анкетен прашалник за ПРВА ГОДИНА

-Име и презиме, број на индекс, град  и полициска станица од општа надлежност  на реализирање на практична настава

 ЛИНК за ПРВА ГОДИНА –

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd1nAJhif28IIvpAtRT3AFaOtE4VIeeb6mQLyd_ucmCxaJB-w/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

Студентите од ВТОРА година од сите студиски програми,  практичната настава ќе ја реализираат во Полициските станици од општа надлежност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во времетраење од 10 дена, во  термини од 26.06 до 26 08. 2022 година.

Термините ги одредуваат надлежните од МВР и тие се конечни, не можат да се променат

Задолжително пополнување на Анкетен прашалник за ВТОРА ГОДИНА

-Име и презиме, број на индекс, град  и полициска станица од општа надлежност на реализирање на практична настава

 ЛИНК за ВТОРА ГОДИНА – 

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfy7jA2vzKSVDK4b8hKehwIRTJmPkAsTMrTc509v41S6ucOCw/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

Студентите од ТРЕТА година од сите студиски програми, практичната настава ќе ја реализираат во Агенциите за приватно обезбедување во соработка со Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, во времетраење од десет дена  во термини од 26.06. до 26 08 2022 година

Термините ги одредуваат надлежните од Комората за приватно обезбедување и тие се конечни, не можат да се променат.

Задолжително пополнување на Анкетен прашалник за ТРЕТА ГОДИНА

-Име и презиме, број на индекс , град на реализирање на практична настава.

 ЛИНК за ТРЕТА ГОДИНА – 

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdOA8C6ACvc4zBh-7zS_pu55BC_hHRLmxqxE0gFsKcfXJLyfA/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

Студентите од ЧЕТВРТА ГОДИНА од сите студиски насоки, практичната настава ќе ја реализираат во Центарот за управување за кризи, Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, МАРРИ-Регионален  Центарот  и Државното првобранителство на Република Северна Македонија, во времетраење од  десет дена  во термини од 26.06. до 26 08 2022 година

Задолжително пополнување на Анкетен лист за ЧЕТВРТА  ГОДИНА

-Име и презиме, број на индекс , град на реализирање на практична настава.

 ЛИНК за ЧЕТВРТА ГОДИНА –

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeQeeRIeinEP-ONC9okTm6Snm8OqNNRoCyg0H70cz_9m32h1g/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

На практична настава не се упатуваат сите студентите кои имаат презапишано предметна програма (се водат како година на квадрат) и воредните студенти вработени во МВР и АРМ .

18.04.2022.

                                                                                                                   Ментор за практична настава

                                                                                                                              Витевски Ангел