Во рамките на предметната програма Безбедносен менаџмент, а во организација на предметниот професор д-р Марина Малиш Саздовска, на 14.4.2022 година беше организирана посета на  Центарот за подготвеност и одговор при катасторфи на Црвениот Крст на Република Северна Македонија. Од страна на раководителот на Оперативниот центар Али Самет и стручниот соработник за одговор при катастрофи Оливер Гичевски, студентите беа запознаени со: мерките и активностите што ги презема овој центар во услови на криза; соработката со другите надлежни органи; употребата на NICS системот за информирање; превземените активности на Оперативниот Центар за справување со светската пандемија Ковид 19; учество во меѓународни хуманитарни мисии и др. Исто така студентите имаа можност да присуствуваат и на обуката која се одвиваше во центарот, обука на парамедици и нивна интервенција за итни медициски потреби. Студентите ги посетија и просториите за тренинг, информатичкиот центар, а имаа увид и во употребата на техничките средства на Црвениот крст – пречистителната станица за вода. Со оваа посета уште еднаш се потврдува одличната соработка која Факултетот за безбедност ја остварува со Црвениот Крст во Република Северна Македонија.