Соработка помеѓу Факултетот за безбедност и Народен правобранител – Национален превентивен механизам

Денес на 14.04.2022 година се одржа работна средба помеѓу Деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски и претставници од канцеларијата на Народниот правобранител, м-р Славица Димитриевска, Александар Тренкоски и Бардхил Лимани.

Целта на средбата е потврдување на заедничката заложба и интерес за унапредување на високо образовната, научно-истражувачката и апликативната дејност, со што беше предложено да се потпише и Меморандум за соработка. Овој Меморандум ќе придонесе размена на искуствата помеѓу договорените страни, соработка на полето на едукација, придонес во објавување на стручни и научни трудови, меѓусебна поддршка во организација на семинари и научни собири. Националниот превентивен механизам е согласен негови кадри на покана да изведуваат практична настава на студентите на Факултетот за безбедност.

Факултетот за безбедност е согласен да им обезбеди услови на своите вработени непосредно да соработуваат со Националниот превентивен механизам во спроведување на активности кои што се од заеднички интерес за двете институции. Народниот правобранител како Национален превентивен механизам е слободен во изборот на професори од Факултетот за безбедност со којшто ќе соработува при спроведувањето на активностите, имајќи ја предвид нивната експертиза и искуство.