Студентите од Факултетот за безбедност заедно со Деканот проф. д-р Никола Дујовски денес на 11.04.2022 година беа во посета на Националниот Координативен Центар за Гранично Управување, кои беа пречекани од националниот координатор за гранично управување проф. д-р Владимир Пивоваров. Студентите се запознаа со можностите на системот за Интегрирано гранично управување, кој овозможува олеснување на проток на лица и стоки преку државната граница, согласно европските стандарди. Тие дознаа и за целите на граничната контрола како спречување и откривање на организиран криминал, спречување на илегалната миграција и трговија со луѓе, како и за унапредување на преку граничната и меѓународната соработка. Со тоа се остварува поголема интеграција во граничното управување помеѓу државните органи што имаат надлежности во граничното управување.