Се известуваат студентите од прв циклус студии дека согласно последната одлука на Владата за организирање на настава на факултетите со физичко присуство согласно здравствените протоколи за Ковид, се предвидува во наредниот период наставата на Факултетот за безбедност за студентите на првиот циклус студии да продолжи со физичко присуство. Наставата со физичко присуство ќе започне да се спроведува веднаш по завршување на првата колквиумска недела, односно од 12.04.2022 година, а ќе се однесува на студенти кои слушаат настава во трета и четврта година на сите студиски програми.