Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски и продеканот за настава проф. д-р Јонче Ивановски на 22 март 2022 година остварија средба со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи м-р Даријан Сотировски. На средбата стана збор за меѓуверската толеранција, улогата на високо-образовните институции во градењето на општество отпорно на стереотипи и предрасуди, како и за други прашања од взаемен интерес.