Деканот на Факултетот за безбедност- Скопје, проф. д-р Никола Дујовски заедно со продеканот за финансии и продеканот за настава, проф. д-р Снежана Мојсоска и проф. д-р Јонче Ивановски, на 03.03.2022 година остварија работен состанок со директорот на Friedrich Ebert фондацијата MSc. René Schlee и координаторката на програмата и раководител за финансии  MSc. Нита Старова. Friedrich-Ebert-Stiftung – ФЕС е најстара политичка фондација во Германија со богата традиција  во социјалдемократијата која датира уште од нејзино основање.На состанокот се утврди меѓусебната соработка и согласност за заедничка организација на “13та Меѓународна научна конференција” по повод 45 години високо образование во областа на безбедноста – образовни предизвици и перспективи за безбедноста, која ќе се одржи во период од 26 – 28 септември во Хотел Дрим (Струга). Фондацијата се согласи да го поддржи овој настан кој Факултетот за безбедност традиционално со години го одржува и на кој присуствуваат учесници со објавени трудови од повеќе земји низ светот. Се разговараше и за други можности за понатамошнo партнерство и на други проекти.