Денес, на 15 февруари 2022 година на Факултетот за безбедност се одржа состанок помеѓу деканот проф. д-р Никола Дујовски и продеканот за настава проф. д-р Јонче Ивановски со Претседателката на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска, Секретарот на РСБСП г-н Владимир Лазаров и со претставниците на МВР г-н Шефик Бајрами, помошник на директорот во Одделот за униформирана полиција, г-н Дејан Трајковски, Началник на Секторот за сообраќајни работи и г-н Сефедин Синанов, виш полициски советник.

Состанокот беше во функција на планирање и организирање на заеднички активности во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот, посебно на најранливата категорија – пешаците.
Беа договорени повеќе активности со кои ќе се поттикнува свесноста за ризиците во сообраќајот, а ќе се дадат и корисни препораки за конкретни чекори кај надлежните државни органи.
Месеците април и мај ќе бидат искористени да се спроведат неколку различни кампањи кои ќе имаат за цел да ја подигнат јавната свест и одговорноста кај секој учесник во сообраќајот.
За подобрување на безбедноста во сообраќајот, за заштита на животот и имотот на граѓаните, за почитување на правилата и прописите во сообраќјот, потребен е интегриран пристап во кој ќе се вклучат повеќе институции (од извршната власт, образовните и советодавните институции, локалната заедница, професионалните здруженија итн) за заеднички да придонесеме кон остварување на еден од приоритетите на секое модерно општество – безбеден и уреден сообраќај.
Факултетот за безбедност како високообразовна институција посветува значително внимание на безбедноста во сообраќајот и ќе ги стави на располагање своите капацитети, знаење и искуство за да ги поддржи напорите на МВР и РСБСП во промоција на сообраќјната култура, етичките вредности кај сите учесници во сообраќајот и кон свесноста дека секој може да придонесе за безбедноста во сообраќајот. Наставниците и студентите од Факултетот, активно ќе се вклучат во планираните активности и со личен пример ќе ги поттикнуваат и останатите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да се грижат за безбедноста на секој поединец.