Почитувани,
заради спроведување на испитот по електронски пат, закажан на 3.2.2022 година во 9:45 часот, потребно е да имате:
1.Компјутер на кој ќе го полагате тестот (или друг уред) и на кој ќе го имате отворено следниот линк:
2.Телефон или друг уред со кој ќе се приклучите на линкот генериран од МС Тимс платформата (со покана, како што вообичаено ја закажуваме наставата). Камерата на тој уред треба да го опфати студентот/студентката кој/која полага и компјутерот на кој се полага тестот. На тој линк мора да се приклучите исклучиво со студентската Outlook е-пошта (@fbuklo.onmicrosoft.com), приклучување со друга е-пошта (мејл) не е дозволено.
*Секој од вас треба да го отвори соодветниот линк. Во спротивно, тестот во времето на полагање може да се блокира и јас не преземам никаква обврска да ви организирам дополнителен термин за полагање.
Со почит,
Вон. проф. д-р Раде Рајковчевски