Почитувани студенти,

 Ве известуваме дека практичната настава ќе се реализира  од 17.01 2022  до 21.01 2022 година, во траење од 5 (пет) работни денa. Сите студенти се должни да набават Потврда за практична настава  од Книжарата на Факултетот за безбедност која треба да ја достават до одговорното лице во Полициската станица или институцијата во која ја реализираат практичната настава. Студентите се должни да се појават во Полициските станици или Агенции за обезбедување до 08.30 часот, да понесат индекс за идентификација и да пополнат  изјава за обезбедување на тајност и заштита на обработка на лични податоци и класифицирани информации, која ќе ја добијат во Полициските станици.

  • За време на практичната настава студентите се должни да ги почитуваат и применуваат препорачаните мерки за заштита и превенција од КОВИД 19.

Во потврдата одговорното лице од Полициската станица го отценува  ангажманот на студентот за време на практичната настава, и по завршувањето ја доставувате до менторот за практична настава  најкасно до 01.03.2022 година.

Во зависност од потребите  на Организационите единици – Полициски станици,  Министерството за внатрешни работи  ги одредува Полициските станици  за  реализирање на практична настава со студентите од Факултетот за безбедност, промените на место на реализирање на практична настава се конечни  и измени не се дозволени.

Студентите кои треба да полагаат испити во втората колоквиумска недела во  деновите определени за практична настава, се ослободени од практична настава.

Список на студенти за практична настава во МВР од трета и четврта година од сите студиски програми 

Список  за практична настава во МВР прва и втора година   од сите студиски програми

Студенти кои се пријавија во дополнителниот термин,  практичната настава  ќе ја реализираат во Агенциите за обезбедување.

Студентите кои ги нема во списоците, задоцнија со пријавување во двата термини, практичната настава ја организираат сами со институциите  Црвен крст, Агенции за обезбедување, Центрите за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување ,  и други сродни  институции.

Ментор за практична настава

           Витевски Ангел