На 29 декември 2021 година се одржа Традиционално предновогодишно “он-лајн” академско кафе со Министерот за внатрешни работи г-н Оливер Спасовски  на кое присуствуваа студенти од сите циклуси студии и професорите од Факултетот за безбедност. Во разговорот се вклучија доста студенти кои поставија прашања до Министерот за актуелните теми и состојби во областа на безбедноста и криминалот, на кои добија извонредни одговори. Тие имаа можност да слушнат силни пораки од г-н Спасовски и се информираа за сите новости поврзани со досегашната работа на МВР и се она што планира да се воведе во иднина.

Министерот им посака понатамошен успех како на студентите така и на професорите, и им упати честитки за предстојните новогодишни празници, а Деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски се заблагодари за укажаната чест и посветеното време и на Министерот му додели „он-лајн“ Благодарница.