Почитувани колеги,

  Ве известуваме дека практичната настава ќе се реализира  од 17.01 2022  до 21.01 2022 година, во траење од 5(пет) работни денa. Сите студенти се должни да набават Потврда за практична настава  од Книжарата на Факултетот за безбедност, која треба да ја достават до одговорното лице во Полициската станица или институцијата во која ја реализираат практичната настава. Студентите се должни да понесат индекс за идентификација и да пополнат  изјава за обезбедување на тајност и заштита на обработка на лични податоци и класифицирани информации,која ќе ја добијат во Полициските станици.

Во потврдата одговорното лице од Полициската станица го отценува  ангажманот на студентот за време на практичната настава, и по завршувањето ја доставувате до менторот за практична настава  најкасно до 01.03.2022 година.

Министерството за внатрешни работи  ги одредува Организационите единици – Полициски станици  за  реализирање на практична настава со студентите од Факултетот за безбедност, во зависност од потребите и екипираноста на самата организациона единица , промени на место на реализирање на практична настава не се дозволени.

Распоредот за реализирање на практична настава ќе се објави во дополнително соопштение.

Сите студенти кои не го пополниле анкетниот лист и не  се пријавиле во предвидениот рок за практична настава  треба да испратат маил до менторот во кои ќе го наведат градот каде ќе ја реализираат практичната настава ,име и презиме и број на индекс најкасно до 28.12.2021 до 12.00 часот.

Маил- angel.vitevski@uklo.edu.mk

           Ментор за практична настава

                   Витевски Ангел