На 9.12.2021, студентите од студиската програма Криминологија и криминална политика, заедно со професорките Весна Стефановска и Наташа Пеовска остварија работна посета во Воспитно-поправниот дом Тетово во с. Волковија. Во рамките на посетата, студентите имаа можност да се запознаат со просторните капацитети на домот, како и со програмските активности кои се дел од процесот на ресоцијализација. Тие, со посредство на стручниот персонал се запознаа и разговараа и со самите штитеници кои беа отворени за комуникација. Штитениците изразија задоволство од капацитетите на домот, како и од односот на персоналот, а исто така и студентите беа позитивно изненадени од атмосферата, надворешниот изглед и условите за сместување, образование, стручно оспособување и за други спортски и рекреативни активности.
На крајот, на иницијатива на директорот г-н Даниел Антоски, заедно со дел од стручниот пертсонал, поголемиот број студенти изразија желба и подготвеност да реализираат дел од практичната настава, согласно студиската програма на нашиот факултет во таа институција. На тој начин ќе имаат можност непосредно да учествуваат во реализирање на одредени активности со штитениците и поблиску да се запознаат со предвидениот план и работа на стручниот персонал.