На ден 15.12.2021 година се одржа Свечена промоција на дипломирани студенти на Прв циклус академски студии за академската 2019/20 и 2020/21 година на Факултетот за безбедност – Скопје. На овој настан присуствуваа Министерот за Внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски, Директорот на Биро за Јавна Безбедност м-р Сашо Тасевски, Ректорот на Универзитетот “Св Климент Охридски” проф. д-р Сашо Коруновски, г-дин Ариф Асани Заменик директор на БЈБ.
Кратко обраќање пред студентите имаа г-дин Оливер Спасовски и проф. д-р Сашо Коруновски кои им упатија искрени честитки на дипломираните студенти за нивната посветеност и одговорност и понатамошен успех со кој ќе станат професионалци во областа на безбедноста.
Исто така и на професорите им посакаа успех на професионален план со очекување дека и во иднина оваа високо образовна институција ќе продуцира кадри со кои што сите ние ќе се гордееме.
Најдобриот студент со највисок просечен успех на Прв циклус академски студии во академската 2020/21 е Александар Стојановиќ, насока Криминалистика со просечен успех од 9,93 на кој му беше врачена пофалница и парична награда од Факултетот за безбедност.
Обраќање до студентите имаше и Деканот на факултетот проф. д-р Никола Дујовски кој им испрати честитки за добиената диплома што носи вредност и во личната и во професионалната кариера и е горд на ваков кадар што и е потребен на државата и безбедносниот систем. Посебен поздрав упати и до професорите од Националниот Воен Универзитет од Република Бугарија и се заблагодари за нивното присуство.

Линк од свечената промоција на дипломирани студенти на прв циклус студии во живо