На ден 14.12.2021 година се одржа состанок на Факултетот за безбедност – Скопје со професори од Националниот Воен Универзитет “Васил Левски” од  Бугарија.

Деканот проф. д-р Никола Дујовски заедно со Продеканот за финансии проф. д-р Снежана Мојсоска, Продеканот за настава проф. д-р Јонче Ивановски и проф.д-р Наташа Пеовска разговараа и споделуваа информации за историјатот на факултетот, споредба на факултетите во однос на  испити и докторати, менторства како и за ректорско управување на Универзитетот. Во разговорот беше посочена и автономијата на факултетот која е на високо ниво. Професорите од Националниот Воен Универзитет беа запознаени со проектот на проф. д-р Наташа Пеовска со швајцарска влада “ Малолетничка деликвенција и сајбер вознемирување: 4-та меѓународна анкета за самопријавување на деликвенција (ISRD4). “

Професорите од  Националниот Воен Универзитет “Васил Левски” од  Бугарија имаа чест и задоволство да ги запознаат просториите и објеките на факултетот како и криминалистичкиот музеј, кој е во склоп на Центарот за обука. Воедно беа поканети и на заедничката студентска конференција на тема  „ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА И ДЕМОКРАТИЈА“, помеѓу студентите од Факултетот за безбедност од Скопје и студенти од Универзитетите во Република Бугарија.