По повод празникот 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје, Црвениот крст на град Скопје на ден 01.12.2021 година во хотел Мериот организираше свеченост за доделување на признанија за постигнат успех во областа на крводарителството. Во рамките на свеченоста, беше доделена Благодарница на Факултететот за безбедност – Скопје за постигнат успех и најдобри резултати на полето на Крводарителството за 2020 година. Со оваа награда студентите и вработените на Факултетот за безбедност уште еднаш ја покажаа својата висока општествена свест за хуманост и чувство за солидарност, што ќе поттикне организирање на уште крводарителски акции со цел давање помош и заштита на животот и здравјето на луѓето.