Почитувани студенти,

практичната настава е задолжителна активност која произлегува од акредитациите на сите студиски програми на Факултетот за безбедност. По реализираната практична настава се добиваат определен број на кредити во зависност од студиските програми на факултетот. Практичната настава се реализира во зимскиот (5 дена)  и летниот семестар ( 25 дена) и е поделена на задолжителна пракса која ја организира Факултетот за безбедност и дополнителна пракса која исто така е обврзна, а ја организираат самите студенти во приватни или државни институции од областа на безбедноста. За секоја промена која се однесува на  реализирањето на  практичната настава од различни причини, одлучува Наставно научниот совет на факултетот за безбедност.

За потребите на подготовките за реализирање на практичната настава од 5 дена во зимскиот семестар на учебната 2021/22,

ЗАДОЛЖИТЕЛНО е сите студенти   редовни и вонредни од сите студиски програми и од сите години кои имаат запишано семестар по прв пат (не се на квадрат) да го пополнат прашалникот во кои ќе наведат место, град во кој ќе ја реализираат практичната настава, најчесто тоа е местото на живеење. Студентите со место на живеење во град  Скопје наведуваат и општина во која живеат.

Прашалникот треба да се пополни најкасно до 23.11.2021 до 13 часот.

За секоја информација поврзана со практичната настава може да се обратите на следниот маил angel.vitevski@uklo.edu.mk

Ментор за практична настава Ангел Витевски

Линк до  прашалникот за студентите од  I година – https://forms.gle/PpS2bZ34XCXDscXM9

Линк до  прашалникот за студентите од  II година – https://forms.gle/qdw6HksC2wZ491Lc6

Линк до  прашалникот за студентите од  III година –  https://forms.gle/8KtugCvACobKLMGT6

Линк до  прашалникот за студентите од  IV година –   https://forms.gle/VCUXEPwEScqbCtiU9