Факултетот за безбедност – Скопје како партнер во меѓународниот проект ВЕКТОР, финансиски поддржан од НАТО СПС програмата, на 14.11.2021 (недела) во Охрид спроведе кампања за зголемување на свесноста кај граѓаните за опасноста од неексплодирани убојни средства.
Кампањата се реализираше во соработка со Отсекот за превенција при СВР Охрид и Дирекцијата за заштита и спасување.
Кампањата беше продолжение на дводневната работилница која се одржа во Охрид на тема „Опасноста од неексплодирани убојни средства: примена на дигитални технологии во справувањето“.
Во текот на кампањата активно беа вклучени и студентите од Факултетот за безбедност и волонтери на Црвениот Крст од Охрид.
Преку кампањата, на граѓаните на Охрид им бea поделени флаери и им беа посочени конкретни препораки и упатства како да постапат доколку пронајдат вакви средства. Постапувајќи според овие упатства граѓаните го даваат својот придонес за зголемување на безбедноста и намалување на ризикот по животот и здравјето, како за себе и за своите најблиски сограѓани, така и за средината во која живеат и работат.
Локалните медиуми беа особено заинтересирани за настанот и активно се вклучија во испраќање на пораката до граѓаните. Факултетот за безбедност – Скопје ќе ја продолжи оваа кампања и во следниот период во други градови низ државата, со поддршка од крајните корисници во проектот (Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување).