Во рамки на предметната програма Безбедносни стратегии и менаџмент на 12.03.2021 год, во организација на предметниот наставник проф. д-р Марина Малиш Саздовска, беше реализирано предавање од м-р Сања Керметчиева, секретар на Комората за приватно обезбедување и докторант на Факултетот за безбедност Скопје. Презентацијата беше насловена ,,Приватното обезбедување како дел од интегралниот безбедносен систем,,. Истата ги опфати сите аспекти на делувањето на Комората, со посебен осврт на професионализацијата, работата на агенциите, обуките, конференциите, панел дискусиите и др.
По завршувањето на презентацијата која предизвика интерес кај студентите, беа поставени прашања, но и споделени лични примери за искуството на студентите при работењето во агенциите за приватно обезбедување. Со организација на овој настан уште еднаш се потврди одличната соработка која Факултетот за безбедност ја има со Комората за приватно обезбедување.