Се известуваат редовните и вонредните студенти на Факултетот за безбедност (додипломски и прв циклус на студии),  дека СЕПТЕМВРИСКАТА испитна сесија ќе биде во периодот од 06.09. до 30.09.2021 година.

Пријавувањето на испитите ќе биде електронски во периодот од 26.08. до 03.09.2021 година преку IKNOW системот.

          За оние студенти кои не се по IKNOW системот, испитите ќе ги пријават во истиот период на следнata mail адреса: studentski@fb.uklo.edu.mk.

Испитните пријави секој од студентите е должен да ги достави на денот на испитот кај предметниот наставник за испитите што ќе се одржат со физичко присуство, додека оние студенти кои ќе ги полагаат испитите online пријавите за испитите ќе ги достават во Одделението за студентски прашања најдоцна до 09.09.2021 година. Студентот доколку испитот го полага по прв пат да достави испитна пријава, доколку испитот го полага по втор, трет или повеќе пати да достави и уплатница од 300 денари за полагање на испит по втор пат. Уплатата да се изврши на следната жиро сметка:

  • трезорска сметка бр. 100000000063095, сметка на буџетски корисник 160016125578810,  приходна шифра 723013, програма 42,  депонент НБРСМ,– Факултет за безбедност – Скопје, со цел на дознака ,,полагање на испит по втор, трет или повеќе пати“.

НАПОМЕНА: Се известуваат студентите да ги почитуваат дадените датуми за доставување на испитните пријави, во спротивно после дадениот рок испитните пријави нема да се примаат.

Распоред

ПРОДЕКАН ЗА НАСТАВА

Проф.д-р Јонче Ивановски