Почитувани студенти,

Ве известуваме дека, за студентите од првиот циклус студии на Факултетот за безбедност – Скопје кои ќе слушаат настава во четврта година во академската 2021/2022 година на 02.09.2021 година (четврток) ќе се организираа онлајн презентации за насоките и содржините на предметните програми за изборните предмети. За присуство на овој настан ќе добите покана на Микрософт апликацијата. Онлјан презентациите ќе се спроведат во следните термини:

1. Студиска програма Криминалистика, онлајн презентации – од 12 до 13 часот;
2.Студиска програма Криминологија и криминална политика, онлајн презентации – од 13 до 14 часот;
3. Студиска програма Безбедност, онлајн презентации – од 14 до 15 часот.

Доколку сте заинтересирани за онлајн презентацијата по насоки и изборни предмети Ве молиме да се вклучите на настанот на Microsoft Teams апликацијата, кој е веќе креиран и можете да го најдете во Calendar на Microsoft Teams.

Факултет за безбедност