На ден 12.3.2021 год. во рамките на предметот Меѓународна заштита на животна средина, во организација на предметниот наставник проф. Д-р Марина Малиш Саздовска, гостин предавач беше Дејан Николовски, претставник од Одделот за организиран криминал при Министерството за внатрешни работи. Презентацијата со наслов ,,Концепт за нов методолошки пристап во сузбивањето на еколошкиот криминал,, содржеше бројни анализи и податоци за актуелната состојба за сузбивање на еколошкиот криминал како во РС Македонија, така и во светски рамки. Особено внимание беше посветено на новиот концепт кој би се применувал во нареден период, а кој се однесува на формирање на task force со претставници на надлежни органи и институции.
На предавањето покрај студентите од горенаведениот предмет, присуствуваа и други студенти кои упатија голем број на прашања за актуелната состојба со кривичните дела од областа на еколошкиот криминал, како и за начинот на нивното сузбивање. Одговорите како и севкупната презентација беше одлична можност студентите да се запознаат со конкретните мерки и активности што ги презема Министеството за внатрешни работи за сузбивање на овој криминал.