Почитувани студенти, структурата на студиските програми на кои сте запишани покрај задолжителни предмети предвидува и изборни предмети. Затоа  ќе биде потребно  во периодот од 21.8-30.8.2021 година  да се изјасните за предметите кои сакате да ги слушате и полагате во наредната академска 2021-22 година. Изјаснувањето направете го со  пополнување на прашалниците кои се во прилог на соопштението.

Едниот прашалник е за предмети од зимски семестар (3, 5 и 7-ми семестар), а другиот за предмети од летен семестар (4, 6 и 8-ми семестар).

При изборот на предметите внимавајте на семестарот, бројот на кредити и на студиската програма.

1. Студиска програма Криминалистика

трет семестар – студентот бира 2 изборни предмети од неговата студиска програма

четврт семестар – студентот бира 1 изборен предмет од неговата студиска програма

петти семестар – студентот бира 2 изборни предмети од неговата студиска програма

шести семестар – студентот бира 1 изборен предмети од неговата студиска програма

седми семестар – студентот бира насока, бира 2 изборни предмети од неговата насока и може да избере 2 предмети од листата на изборни предмети

осми семестар – студентот од неговата насока бира 2 изборни предмети  и може да избере 2 предмети од листата на изборни предмети

2. Студиска програма Безбедност

трет семестар – студентот избира 1 изборен предмет од неговата студиска програма

четврт семестар – студентот избира 1 изборен предмет од неговата студиска програма

петти семестар – студентот избира 3 изборни предмети од неговата студиска програма и може да избере 1 предмет од листата на изборни предмети

шести семестар – студентот избира 2 изборни предмети од неговата студиска програма и може да избере 1 предмет од листата на изборни предмети

седми семестар – студентот избира 1 изборен предмет од неговата насока и може да избере 1 предмет од листата на изборни предмети

осми семестар – студентот избира  1 изборен предмет од неговата насока и може да избере 1 предмет од листата на изборни предмети

3. Студиска програма Криминологија и криминална политика

трет семестар – студентот избира 1 изборен предмет од неговата студиска програма

четврт семестар – студентот избира 1 изборен предмет од неговата студиска програма

петти семестар – студентот избира 1 изборен предмет од неговата студиска програма и може да изберe 1 предмет од листата на изборни предмети

шести семестар – студентот избира 1 изборен предмет од неговата студиска програма

седми семестар – студентот избира насока, избира 2 изборни предмети од неговата насока и може да избере 1 предмет од листата на изборни предмети

осми семестар – студентот од својата насока избира 2 изборни предмети и може да избере 1 предмет од листата на изборни предмети

4. Студиска програма Безбедност и евроатлански интеграции

трет семестар – студентот избира 1 изборен предмет од неговата студиска програма

четврт семестар – студентот избира 1 изборен предмет од неговата студиска програма

петти семестар – студентот избира 1 изборен предмет од неговата студиска програма и може да избере 1 предмет од листата на изборни предмети

шести семестар – студентот избира 1 изборен предмет од неговата студиска програма и може да избере 1 предмет од листата на изборни предмети

седми семестар – студентот избира 4 изборни предмети од неговата студиска програма и може да избере 1 предмет од листата на изборни предмети

осми семестар – студентот избира 3 изборни предмети од неговата студиска програма и може да избере 1 предмет од листата на изборни предмети

Листата на изборни предмети може да ја погледнете на следниов линк.  Листа на изборни предмети

Студиските програми можете да ги погледнете на следниве линкови: