Денес на 14.10.2021 година Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски и Продеканот за настава проф. д-р Јонче Ивановски остварија работна средба во Министерството за внатрешни работи со Помошникот на министерот за односи со јавност г-дин Тони Ангеловски. На средбата се разговараше за голем број на работни активности кои претставуваат основа за развој и продлабочување на соработката помеѓу двете институции во сферата на науката и практиката, при што се изрази посебна благодарност до г-дин Ангеловски за неговиот личен и професионалн придонес од страна на проф. Дујовски со врачување на пригодна плакета.