Денес на 10.06.2021 година професори од Факултетот за безбедност, заедно со Деканот Никола Дујовски имаа голема чест и вистинско задоволство да го презентираат Истражувачкиот извештај за функционирањето на безбедносниот систем при вонредна и кризна состојба, кој го опфаќа периодот на пандемијата пред Министерката Радмила Шеќеринска и вработените во Министерството за одбрана.
На денешната средба се согласивме дека лекцијата што ја научивме е дека е неопходно ревидирање на системите за менаџирање кризи и заштита и спасување истакна Министерката Шеќеринска.
Во изминатата година научивме многу, а најсилната порака е дека во услови на криза и/или вонредна состојба, можеме да успееме само со заеднички сили, здружени во одговорот на секој нов предизвик. Научените лекции да ги искористиме за подобрување на функционалноста на системот.
Истражувачкиот тим од Факултетот за безбедност имаше чест и привилегија внимателно да ги забележи ставовите на Министерката Шеќеринска, срдечно благодариме за несебичната поддршка, професионалниот пристап и идеите за развој на науката, која наоѓа сериозна примена во Министерстово за одбрана и во Армијата.