Наставно-научниот совет на Факултетот за безбедност на седницата одржана на 14 јуни 2021 година ги избра новите продекани за мандатниот период јуни 2021 – јуни 2024 година.
На предлог на деканот, проф. д-р Никола Дујовски, за продекани на Факултетот за безбедност се избрани:
- Проф. д-р Јонче Ивановски, за продекан за настава, и
- Проф. д-р Снежана Мојсоска, за продекан за финансии.
Од 13 јуни 2021 година, проф. Дујовски го започна вториот мандат како декан на Факултетот за безбедност.
Деканот Дујовски упати јавна благодарност за досегашната работа на продеканите проф. Наташа Пеливанова и проф. Раде Рајковчевски, кои со своите активности во изминатите четири години силно се вградија во развојот на Факултетот за безбедност.
На избраните продекани им го честитаме изборот и им посакуваме добро здравје и лична среќа во исполнувањето на новите задачи. Уверени сме дека со изборот на проф. Ивановски и проф. Мојсоска, Факултетот добива уште попрепознатлива енергија со модерни идеи за развој на високото образование од областа на безбедноста.
ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ