Почитувани,

Задоволство ни е да Ве поканиме на свеченото отворање на 12-та Меѓународна научна конференција „30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА“ во организација на Факултетот за безбедност Скопје, што ќе се одржи во хотелот „Метропол“ во Охрид.
Официјалното отворање на конференцијата е закажано за 13.09.2021 година (понеделник) со почеток во 17.30 часот.
За сите оние кои не можат да присуствуваат со физичко присуство, Факултетот обезбеди онлајн настан на кој можете да се придружите и да го следите отворањето.

Креирани се два линка, едниот на македонски, а другиот на англиски јазик.
Се што треба да направите е да се придружите на една од врските, во зависност од тоа дали сакате да го следите настанот на македонски или англиски јазик.
Во прилог линковите за официјалното отворање на конференцијата.

Линк на македонски јазик:

https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3ameeting_MTJhMzdlMDgtZTUxMy00YjVlLWIxOGYtODE0YzVkOTYxZmEx%40thread.v2/0?context=%7b%22Tid%22%3a%22e943ef2c-7ace-416b-bc2d-ec507459c471%22%2c%22Oid%22%3a%227b934e86-fa1b-4a39-898f-e94a8ec2e555%22%7d

Линк на англиски јазик:

https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3ameeting_OTljMzc1MDctOWMxOS00YTJlLTljYWYtOTc4OTFiZTFhZDE0%40thread.v2/0?context=%7b%22Tid%22%3a%22e943ef2c-7ace-416b-bc2d-ec507459c471%22%2c%22Oid%22%3a%2206b14416-8bde-424c-9d15-b160299c4453%22%7d

Факултет за безбедност