Во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија се одржа дводневна работилница во Струга, а во врска со улогата на социјалните медиуми во организирање на дарувањето крв, како и нивна употреба за мотивација на граѓаните за значењето на дарувањето на скапоцената течност.
На овој настан од Факултетот за безбедност-Скопје присутен беше вон.проф.д-р Александар Иванов, кој има дарувано крв повеќе од 50 пати.

Факултетот за безбедност-Скопје изразува особено задоволство за континуираната соработка со Црвениот крст и изразува желба за идна понатамошна соработка.