Упис на летен семестар

Се известуваат студентите на Факултетот за безбедност дека уписот на летниот семестар е во периодот од 22.02.2021 до 05.03.2021 година

По следниот распоред:

Студентите од прва и четврта година ќе вршат упис во деновите понеделник, среда и петок

Студентите од втора и трета година ќе вршат упис во деновите вторник и четврток

 За  заверка на I, III, V и VII и упис на II, IV, VI и VIII семестар потребни  се следните документи:

  •  пријавен лист – 1 (жолт)
  • семестрален лист на кој се запишуваат предметите од претходниот ислушан зимски семестар,
  • индекс,
  • II рата за партиципација уплатена на трезорска сметка бр. 100000000063095, сметка на буџетски корисник 160016125578810 приходна шифра 723012, програма 42,  депонент НБРМ,– Факултет за безбедност – Скопје, со цел на дознака “надомест за  студирање”.
  • пријава согласно ЕКТС за повторно запишани предмети од летен семестар т.е. за предмети кои прв пат се слушаат во наредниот семестар.

Повеќе