Prof. d-r Katerina Krstevska Savovska
Associate Professor
Professors

Кривично процесно право

Вон. проф. д-р Катерина Крстевска е родена на 13.07.1978 во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје. Во 2001 дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, со што стекнала право на стручен назив дипломиран правник. На последипломските студии по казнено право и криминологија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје ги положила сите испити со просечна оценка 9,67, а на 21.12.2007 успешно го одбранила магистерскиот труд на тема „Правните граници на полициските овластувања во функција на заштита на човековите права и слободи“, со што се стекнала со научен степен магистер на правни науки од областа на казненото право. На 14.09.2011 успешно ја одбранила докторската дисертација на тема „Улогата на Европскиот комитет за превенција од тортура во заштитата на правата на лицата задржани од полицијата“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, со што се стекнала со научен степен доктор на правни науки.

Вон. проф. д-р Крстевска во периодот од 01.07.2002 до 24.07.2003 работела во Министерството за внатрешни работи (Сектор Национално Централно Биро ИНТЕРПОЛ – Скопје), а во периодот од 25.07.2003 до 30.09.2005 во Министерството за финансии (Одделение Кабинет на министерот за финансии во рамките на Секторот за работи непосредно сврзани со министерот).

Што се однесува до наставно-образовната дејност, Наставно-научниот совет на Полициската академија – Скопје (сегашен Факултет за безбедност – Скопје, ФБ) на 25.07.2005 ја избра за помлад асистент по предметната програма „Кривично право“, на 01.07.2008 ја избра за асистент, а на 21.04.2011 ја избра – преизбра за асистент на научната област Казнено право. Покрај изборот за соработник по оваа предметна програма, започнувајќи од академската 2006/2007 година била ангажирана и како соработник по предметната програма „Кривично процесно право“. Понатаму, Наставно-научниот совет ја избра за наставник на научната област Казнено право во наставно-научно звање доцент (26.01.2012), односно вонреден професор (02.09.2016).

Вон. проф. д-р Крстевска активно е вклучена во изведувањето на наставата по предметната програма „Кривично процесно право“ според Единствениот кредит трансфер систем (ЕКТС) на прв циклус студии на студиската програма „Криминалистика“, студиската програма „Безбедност“, студиската програма „Криминологија и криминална политика“ и на заедничката студиска програма „Безбедност и финансиска контрола“ со Факултетот за туризам и угостителство – Охрид. Понатаму, таа е прв член на предметната комисија за реализација на наставата по предметната програма „Сузбивање на современите форми на криминалитет – процесно правни аспекти“ според ЕКТС на студиската програма „Криминалистика“ на втор циклус студии; втор член на предметната комисија за реализација на наставата по предметната програма „Меѓународно кривично право и сузбивање на современите форми на криминал“ според ЕКТС на студиската програма „Меѓународна безбедност“ на втор циклус студии; и втор член на предметната комисија за реализација на наставата по предметната програма „Кривично право – материјални и кривично процесни аспекти“ според ЕКТС на студиската програма „Форензички науки“ на втор циклус студии.

Исто така, вон. проф. д-р Крстевска вклучена е во голем број на активности во рамките на ФБ, како што се: Секретар на Катедрата за кривично правни и криминолошки науки (ККПКН) (декември 2005 – септември 2016); Координатор на ККПКН за Единствениот кредит трансфер систем (декември 2005 – септември 2016); Член на Наставно-научниот совет; Член на Наставничкиот совет на втор циклус студии; Член на Уредувачкиот одбор за издавање на Меѓународна научна публикација „Годишник на Факултетот за безбедност – Скопје“ за 2013 и 2014; Член на Издавачкиот совет (ноември 2008 – ноември 2010; од ноември 2012); Член на Комисијата за прием на студенти на прв циклус студии за учебната 2013/2014 година; Посредник кој посредува меѓу страните со цел за решавање на спорниот однос согласно Законот за заштита од вознемирување на работно место; Член на Работната група за изработка на Предлог – Одлука за класификација на научни подрачја, полиња и области (дисциплини) на истражување и припадноста на наставните дисциплини на научни области; Ментор и член во Комисии за одбрана на дипломски трудови; Член во Комисии за подобност на тема за изработка на магистерски трудови; Член во Комисии за оценка на магистерски трудови; Рецензент на трудови (Меѓународно научно списание на УКЛО „Хоризонти“; Меѓународна научна публикација „Годишник на Факултетот за безбедност – Скопје“; Меѓународна конференција на ФБ); Службено лице за посредување со информации при остварувањето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер со кои располага ФБ како имател на информации; Заменик-член на Комисијата за прием на студенти на прв циклус студии за учебната 2014/2015 година; и сл.

Во однос на трудовите (покрај магистерскиот труд и докторската дисертација), вон. проф. д-р Крстевска како автор или ко-автор објавила голем број научни и стручни трудови во научни и во стручни списанија, како и во други публикации кои се од значење за развојот на науката и струката. Исто така, како предавач / презентер / модератор, или учесник, имала активна улога на бројни настани (конференции, семинари, тркалезни маси, работилници…) од казнено-правната област, полициските овластувања, човековите права и слободи, и сл.

Како останати значајни активности на вон. проф. д-р Крстевска во рамките на научно-истражувачката дејност, стручно-апликативната дејност и дејности од поширок интерес, може да се истакнат следниве: Член на Работната група на Министерството за правда на РМ за изготување на Законот за кривичната постапка во делот на претходната постапка (2008-2010); Член на повеќе работни групи во рамките на Проектот „Казнено-правната реформа и почитувањето на човековите права во Република Македонија“ на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија (2008-2010); Член на Македонскиот истражувачки тим на Меѓународниот ФП7 проект финансиран од Европската комисија „КОМПОЗИТ: Компаративни полициски студии во ЕУ“ („COMPOSITE: Comparative Police Studies in the EU“) (2010-2014); Член на Тимот на национални обучувачи (национални консултанти  / експерти) во 1-та фаза „Обука за обучувачи“ во рамките на Проектот „Зајакнување на управувањето со човечките ресурси и развојната структура на Министерството за внатрешни работи – Зајакнување на капацитетот на Министерството за внатрешни работи при имплементацијата на новиот Закон за кривичната постапка“, спроведуван од Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи на РМ и Одделот за развој на Полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје (OSCE-Skopje) (ноември 2011 – декември 2013); Член на Организациониот комитет на 3-та Меѓународна конференција за борба против трговијата со дрога „Нарко-криминалните организации, состојбата во Европа со специјален фокус на Балканот“, организирана од Министерството за внатрешни работи на РМ и Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (DCAF) (16.-18.10.2012); Член на Соработничкиот тим во Научниот проект „Положба на осудените лица во пенитенцијарните установи на Република Македонија“, спроведуван од ФБ (од септември 2012); Член на Управниот комитет за имплементација на Твининг проектот „Поддршка за реформа на Полицијата и Кривичното право“ – ИПА 2009, спроведуван од Министерството за внатрешни работи на РМ, а финансиран од ЕУ (ноември 2012 – декември 2013); Член на Истражувачкиот тим на Научниот проект „Истражување на јавното мислење за корупцијата во Република Македонија“, спроведуван од ФБ (од ноември 2012); Член на Организациониот одбор на Mеѓународната научна конференција „Родовата рамноправност и родовата перспектива во одбраната и во безбедноста“, организирана од Министерството за одбрана на РМ, а во соработка со ФБ и Филозофскиот факултет – Скопје (од декември 2012); Член на Истражувачкиот тим на Научниот проект „Имплементирање на практиката на Европскиот суд за човекови права во Република Македонија: Стразбур дома или Македонија пред Стразбур“, спроведуван од ФБ (од февруари 2013); Член на Работната група на Министерството за правда на РМ за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/2010 и 51/2011) (од јули 2013); Член на Тимот на национални обучувачи (национални консултанти  / експерти) во 2-та фаза „Обука за обучувачи“ во рамките на Проектот „Зајакнување на управувањето со човечките ресурси и развојната структура на Министерството за внатрешни работи – Зајакнување на капацитетот на Министерството за внатрешни работи при имплементацијата на новиот Закон за кривичната постапка“, спроведуван од Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи на РМ и Одделот за развој на Полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје (OSCE-Skopje) (март 2014 – јули 2014); Предавач вклучен во рамките на Листата на предавачи за изготвување на бази на прашања и бази на студии на случај за правосудниот испит (за подготвување на прашања и студии на случаи од областа на Кривичното право), утврдена од страна на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ „Павел Шатев“ (од мај 2014); Член на Организациониот одбор на Тркалезната маса по повод Јавната расправа за Нацрт – Амандманите за изменување на Уставот на Република Македонија, предложени од страна на Владата на Република Македонија, организирана од ФБ (од август 2014); Член на Организациониот одбор на Меѓународната научна конференција „Криминалистичкото образование, состојби и перспективи – 20 години од смртта на проф. д-р Владимир Водинелиќ“, организирана од ФБ, а во соработка со Факултетот за детективи и безбедност при ФОН Универзитетот – Скопје (од август 2014); Предавач вклучен во рамките на Листата на предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ „Павел Шатев“, утврдена од страна на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ „Павел Шатев“ (од септември 2014); Член на Организациониот одбор на Научно-стручната расправа „Граѓаните на Република Македонија за корупцијата“, организирана од ФБ (од мај 2016); Член на Организациониот одбор на Меѓународната конференција „Свети Климентовите пораки за етиката, моралот и вредностите“, организирана од ФБ (од мај 2015); и сл.

CV