Дата и место на раѓање:
22.02.1977 година во Крива Паланка, Република Македонија
Брачен статус: Сопруга и мајка на две малолетни деца;
Образование:
– Дипломира на 16/12/1999 година на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје, со просечен успех 9,00;
– Магистрира на 15.06.2004 година на Филозофски факултет во Скопје, под менторство на проф. д-р Марија Ташева и членовите на Комисијата за оцена и одбрана на магистерскиот труд: проф. д-р Јован Корубин и проф. д-р Владимир Ортаковски со одбрана на магистерски труд на тема: ,,Албанците и Македонците: Етничката интеракција во Република Македонија, пред и по конфликтот од 2001 година“.
– Докторира на 30.01.2007 година на Филозофски факултет во Скопје под менторство на проф. д-р Марија Ташева и членовите на Комисијата за оцена и одбрана на докторската дисертација: проф. д-р Владимир Ортаковски, проф. д-р Јован Корубин, проф. д-р Ѓорѓе Младеновски, проф. д-р Виолета Ачковска и доц. д-р Константин Миновски со одбрана на дисертација на тема: „Македонското национално малцинство во соседните земји: современи состојби“, и се здобива со научен степен Доктор на социолошки науки.
– Од март 2012 година работи на втора докторска дисертација на тема, „Забраната за употреба на сила и концептот на превентивна интервенција во справувањето со конфликти и заканите по меѓународниот мир и безбедност – Случаите – СР Југославија (1999), Авганистан (2001), Ирак (2003) Либија (2011), под менторство на проф. д-р Владимир Ортаковски.
Работно искуство:
– Во период од 20/01/2000 до 25/05/2000 година во ДСУ,,Ѓорче Петров“ во Крива Паланка, работи како професор на определено време;
– Академските 2000/2001, 2001/2002 и 2002/2003 година работи како асистент на Институтот за Социологија при Филозофскиот факултет во Скопје, изведува универзитетска настава (вежби) по предметите од областа на Социологијата;
– Од октомври 2004 до јуни 2007 година на Полициската академија-Скопје избрана е и работи како асистент;;
– Од Јуни 2007 година на Полициската академија, избрана е и работи како доцент во областа на полициските науки. Изведува настава по предметите Полиција и јавност, Односи со јавноста и Справување со конфликти, Превенција на конфликти и мирно решавање на спорови на студиите од I циклус; Носител на предметната програма Мировни операции, постконфликтна реконструкција и градење на државата; Член во комисијата за Матодологија на истражување на безбедносните појави на II циклус студии;
– Од Ноември 2012 година на Факултетот за безбедност – Скопје, избрана е за вонреден професор во областа на социолошките науки. Изведува настава по предметите Полиција и јавност, Справување со конфликти, Превенција на конфликти и мирно решавање на спорови, Превентивна дипломатија, хуманитарни интервенции и мировни операции на студиите од I циклус; Носител на предметната програма Мировни операции, постконфликтна реконструкција и градење на државата; Член во комисијата за Матодологија на истражување на безбедносните појави на II циклус студии; Член во комисијата за Матодологија на истражување на безбедносните појави на III циклус студии;
Работни активности:
– Од септември 2014 година го извршува третиот мандат на функцијата Раководител на Катедрата за полицикси науки на Факултетот за безедност-Скопје;
– Од Октомври 2012 година, до Март 2013 година ја извршуваше функцијата Продекан за наставни и научни прашања на Факултетопт за безбедност – Скопје;
– Од Септември 2012 година го извршувше вториот мандат на функцијата Раководител на Катедрата за полицикси науки на Факултетот за безедност-Скопје;
– Од Октомври 2010 година до септември 2012 година го извршуваше првиот мандат на функцијата Раководител на Катедрата за полицикси науки на Факултетот за безедност-Скопје;
– Од октомври 2006 до октомври 2009 година ја извршаше функцијата Секретар на последипломските студии на Факултетот за безбедност-Скопје;
– Од октомври 2009 година е Член на Комисијата за издавачка дејност на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола;
– Од декември 2005 до март 2008 година е Координатор за ЕКТС на Катедрата за општествено-политички и правни науки на Полициската академија-Скопје.
– Член на Комисијата за издавачка дејност на Факултетот за безбедност-Скопје;
– Претседател на Комисијата за евалузација на Факултетот за безбедност – Скопје за 2014-1018 година;
– Претстедател на Комисијата за прием на студенти на студиските програми од втор циклус студии на Факултетот за безбедност, академска 2010/2011;
– Заменик член во Комисијата за запишување на студенти на Факултетот за безбедност во академските 2008/2009 и 2011/2012 година;
– Член на Уредувачкиот одбор на Годишникот на Полициска академија за академската 2007/08 година;
– Член на Уредувачкиот одбор на Годишникот на Факултетот за безбедност за академската 2008/09 година;
– Член на Уредувачкиот одбор на Годишникот на Факултетот за безбедност за академската 2011/12 година;
– Член на Комисии за оценка на пријави за докторски и магистерски трудови;
– Член на Комисии за оценка на магистерски трудови и докторски дисертации;
– Член на Рецензиони комисии за избор на соработнички и наставно-научни звања на Факултетот за безбедност – Скопје и Воената академија во Скопје;
– Член на Организацискиот одбор на Меѓународната конференција „Безбедноста и посконфликтниот Западен Балкан…“, Охрид 27-28.05.2011;
– Член на Организацискиот одбор на Меѓународната научно стручна конференција „Улогата на активниот состав и на резервата на вооружените сили во поддршката на нивните мисии и задачи во регионалната и глобалната безбедносна средина во 21-от век“, Министерство за одбрана, 22-23 април 2012 година;
– Член на Комитетот за радова еднаквост во безбедниоста и одбраната од 2012 година;
– Член на Организацискиот одбор на регионалната научна конференција “Регионален Пост – ИСАФ ангажман – научени лекции и наследство за А – 5 земјите за идните експедициони мисии”, Факултет за безбедност, Воена академија, 2013 година;
– Член на Удедувачкиот одбор на специјалното издание на Маѓународното списани „Современа македонска одбрана“, април 2013 година;
– Претседател на работната група за изготвување на студиски програми за прв циклус студии (Безбедност, Безбедност и евроатлантски интеграции, Криминологија и криминална политика) на Факултетот за безбедност – Скопје, Ноември 2012 – Март 2013;
– Акредитиран ментор на докторските студии по Безбедност на Факултетот за безбедност – Скопје;
– Ментор на докторски дисертации;
– Ментор на пет магистерски труда:
– Рецензент на стручни и научни трудови;
– Рецензент на универзитетски учебник Бакрески, О., Милашиновиќ, С., Кешетовиќ, Ж., „Теории на манаџментот и конфликтите“, Филозофски факултет, Аутопринт ТА Скопје, 2012;
– Рецензент на стручна монографија „Основи на контраразузнавањето“ од м-р Никола Спасески;
Државно признание
– Добитник на Државната награда „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ во 2008 година за посебен придонес во науката од интерес за Република Македонија, за монографијата „Македонското национално малцинство во соседните земји: Современи состојби“;