Проф. д-р Татјана Гергинова
Вонреден професор
Кадар
Разузнавање и разузнавачки служби
Тактика и техника на обезбедување
Глобална безбедност
Посебни системи на обезбедување
Корпоративна безбедност
Служби за Контраразузнавање
Тактика на работа на безбедносна, разузнавачка и контраразузнавачка служба

Проф. д-р Татјана Гергинова е родена  на 06.10.1967, во Скопје.  Средно образование завршила во Скопје во Средното училиште “Борис Кидрич” – правна насока. Со високо образование се стекнала на Правниот факултет “Јустинијан Први”, Универзитет “Свети Кирил и Методиј”, Скопје во 1986 година. Дипломирала на Правниот факултет “Јустинијан Први”, Скопје во 1991 година, со просечен успех 9/13. На Филозофскиот факултет во Скопје ги положила испитите за педагошка доквалификација со просек 10 во 1996 година. Во академската 2002/2003 се запишала на втор циклус (магистерски) студии на Филозофски факултет – Институт за Европски студии за интеграција и комуникации, каде ги положил сите испити предвидени со програмата за последипломски студии со просечен успех 8,12. На 15.04.2005 година го одбранила магистерскиот труд на тема: “Имплементација на Рамковниот договор како еден од условите за интеграција на Република Македонија во Европската унија”.

Докторска дисертација пријавила на Правниот факултет “Јустинијан Први”, Универзитет “Свети Кирил и Методиј”, Скопје. Дисертацијата на тема: “Полицијата и заштитата на човековите права во Безбедносниот систем на Република Македонија” ја одбранила на 11.06.2012 година, Правен факултет “Јустинијан Први” – Скопје.

Во рамките на наставно-образовната дејност на Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола, Факултет за безбедност, Скопје, проф.д-р Татјана Гергинова изведува настава на Прв, Втор и Трет циклус студии на следните студиски програми.

Прв циклус студии – Студиска програма “Криминалист”, “Безбедност”, “Безбедност и евроатлански интеграции”: Проф. д-р Татјана Гергинова одржува настава на предметите: “Глобална безбедност”; “Тактика и техника на обезбедување”; “Национална безбедност”; “Корпоративна безбедност”; “Посебни системи на обезбедување”; “Тактика на работа на разузнавачки служби и службите за безбедност и контраразузнавање”, “Разузнавање и Разузнавачки служби”; “Служби за контраразузнавање”.

Втор циклус студии – Студиска програма “Безбедност – 60 кредити”, “Безбедност – 120 кредити”, “Криминалист”, “Кризен менаџмент”:

Проф. д-р Татјана Гергинова одржува настава на предметите: Разузнавање и контраразузнавање”; “Разузнавачки служби”; “Служби за безбедност и контраразузнавање”; “Тактика и техника на обезбедување”; “Корпоративна безбедност”; “Глобална безбедност – Современи предизвици, ризици и закани” и “Современи теории и концепти во приватна безбедност”.

Трет циклус студии – Студиска програма “Безбедност” – проф. д-р Татјана Гергинова одржува настава на предметите: “Глобална безбедност – Современи научни консидерации”; “Национална и меѓународна безбедност”; “Современи теории и концепти во приватната безбедност”; и “Разузнавачка служба во современи меѓународни односи”.

Проф. д-р Татјана Гергинова е Автор на Рецензиран Основен учебник со наслов:

  • Глобална безбедност” – Издавач – Факултетот за безбедност, 2015 година
  • “Тактика и техника на обезбедување” – Издавач – Факултетот за безбедност, 2017
  •  “Корпоративна безбедност”  – Издавач – Факултетот за безбедност, 2017
1. Безбедносна стратегија на Република Македонија, објавен во Годишникот на Факултетот за безбедност – Скопје за 2010 година.
2. Реформи на безбедносниот сектор во Република Македонија, објавен во зборникот на трудови на Факултетот за безбедност – Скопје, кој одржа научно-стручна конференција на тема “Безбедноста, еколошката безбедност и предизвиците на Република Македонија” (Охрид 17 – 18.09.2010 година).
3. Стратегија на делување на полицијата во сузбивањето на современите облици на организираниот криминал, објавен во зборникот на трудови на Криминалистичко-полициската академија во Белград, кој во соработка со Ханс Зајдел фондацијата одржа меѓународна-научна конференција на тема “Сузбивање на криминалот во рамките на меѓународната полициска соработка” (ТАРА 28-30.06.2011 година).
4. Превентивно делување на полицијата во сузбивањето на современиот организиран криминал, објавен во Годишникот на Факултетот за безбедност – Скопје за 2011 година.
5. Police strategy in preventive eradication of modern organized crime, објавен во зборникот на трудови на меѓународната научно-стручна конференција реализирана во Република Српска од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за полициско образование и Високата школа за внатрешни работи која во соработка со Ханс Зајдел фондацијата одржа меѓународна-научна конференција на тема “Сузбиваjање криминала и европске интеграције, с освртом на високотехнолошки криминал” (Лакташи, 28-30 март 2012 година).
6. Law protection of human rights from police officers, објавен во зборникот на трудови на Факултетот за безбедност – Скопје, кој одржа меѓународна научна конференција на тема “Безбедноста и евроатланските перспективи на Балканот” – полициските науки и полициската професија (состојби и перспективи) во Охрид на 25-26 мај 2012 година.
7. ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА – “Полицијата и заштитата на човековите права во Безбедносниот систем на Република Македонија” одбранет на Правниот факултет – “Јустинијан први” – Скопје во јуни, 2012 година.
8. Legal protection of human rights with reference to the work of police, објавен во зборникот на трудови на Криминалистичко-полициската академија во Белград, кој во соработка со Ханс Зајдел фондацијата меѓународен научен собир со наслов “Полицијата и човековите права во Република Српска” (ТАРА 19-21 јуни 2012 година).
9. “INSTITUTIONAL PROTECTION OF HUMAN RIGHTS IN CASES OF OVERSTEPPING THE AUTHORITIES BY POLICE” – труд со кој ичествував на третата годишна конференција на Виктимолошкото друштво на Србија “Жртве и савремени друштвени контекст: теорија, пракса и активизам” – Београд, 22. и 23.11.2012 година.
10. Legal protection of human rights with reference to the work of police, објавен во зборникот на трудови “Култура људских права у 21. веку” (The Culture of Polis): издавачи: Култура – Полис Нови Сад и Криминалистичко-полицијска академија – Белград, посебно издање 2, год. IX (2012).
11. The role of intelligence in achiving national security (Улогата на разузнавачката служба во остварувањето на националната безбедност) објавен во Годишникот на Факултетот за безбедност – Скопје за 2012 година.
12. Scientific and theoretical determination of concepts intelligence services and intelligence activity (Научно и теоретско одредување на поимите разузнавачка дејност и разузнавачка служба) – Објавен во Научното списание “Хоризонти” на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола за 2012 година.
13. “Preventive action of the state authorities to prevent violence among children and youth” (Превентивно делување на државните органи во спречување на насилство меѓу деца и млади), труд со кој учествував на меѓународна научно-стручна конференција организирана од страна на Република Српска – Министарство унутрашњих послова, Управа за полицијско образовање, Висока школа унутрашњих послова у сарадњи са ХАНС ЗАЈДЕЛ ФОНДАЦИЈОМ во Лакташи – 27-29.03.2013 година.
14. Kazneno-pravni odgovor organizovanog kriminala u Republici Makedoniji (Criminal legal response of organized crime in Republic of Macedonia); труд со кој учествував на Меѓународно-научна конференција „Suprotstavljanje organizovanom kriminalu – pravni okvir, meʥunarodni standardi i procedure”, Tara, 27-29 маj 2013 година.
Телефон: +389 2 2546-211 л. 101
Факс: +389 2 2546-211
Е-пошта:     tanjagerginova@gmail.com
ТЕРМИНИ ЗА КОНСУЛТАЦИИ
ПОНЕДЕЛНИК: 12.00 – 13.30 часот
ВТОРНИК: 10.30 – 12.00 часот
емаил – tanjagerginova@gmail.com
мобилен број 070 279 065